Па како и зошто тогаш да го товарат со веста дека жена му станала некоја другарка која можеби втасала до претседател на некоја организација, или секретар на некој, како што ги викате вие, Комитети.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Можеби затоа толку многу се радува кога ќе ме види ненадејно пред вратата, и тоа секогаш со некоја другарка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога одиме во парк, бидејќи блиску живее до него, наминуваме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во денешно време немаше пријатели, имаше само другари; но постоеја некои другари чие друштво беше попријатно отколку друштвото на други.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Излезе дека некоја другарка или другар ми земале долен веш и ми направиле лоша магија, да не ми тргнува ништо во животот, така што во сѐ да имам кочница.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
На крајот, најправедно се чинеше објаснувањето на неговите блиски од Русија дека не чуле и не виделе ништо!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Орде рече дека тој ќе му ја отстапи својата кушетка, а за да не им биде тесно на двајцата, тој ќе оди да спие кај некои другари, има каде.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)