некој (зам.) - знак (имн.)

Ги подотворив очите и погледнав надолу, накај местото каде што ми беше тешко и од каде што доаѓаше ’ржењето, и врз стомакот видов пар блескаво-отровни очи вперени во моите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ене, Мариово сето се гледа како на длан, белким ќе видиме некои знаци на движење војска, белким ќе накачи некој селанец, барем малку од малку да знаеме кај одиме, да не му рипнеме на волкот право в уста — проговори Попов.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Знаев дека можеби треба да покажам и некои знаци на љубов кон неа, ако сакав да добијам барем малку љубов од свекрвата за возврат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)