некој (зам.) - карпа (имн.)

И велиш, мајче, дека најстариот лежи под некоја карпа на Иван Планина?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислеше дека си како некоја карпа пред нив, ама, иако се викаат плашици, ич не се плашат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А човекот е Владислав на Арон, братот на Самоила. А синот му се вика Алусијан...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ќе влечеш. Ако запне за некоја карпа, затегни го јажето и јази се по него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Значи не оној од импровизацијата од пред малку туку од еден вистински разговор што го водевме гласно и со толку добро запаметени зборови што и денес можам да ги видам како да се забележани или изрежани на некоја карпа или на некоја друга цврста подлога.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој вистински разговор всушност му претходеше на оној, замислениот, и се однесуваше токму на таа тема: каква помош смее да очекува синот од таткото во моменти на загрозеност?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто пред иследникот го сокрив потеклото на разговорот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали само затоа зашто не сум и по волја на вистината бидејќи и во исповедта пред иследников не се трудев доволно да ја зангажирам искреноста?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го виделе качен на некоја карпа и гледал кон селото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)