некој (зам.) - клупа (имн.)

Јас заборавав на себе: чекорев по улиците, ги минував мостовите, се загледував во реката, понекогаш го кревав погледот кон небото, седев на некоја клупа, навечер се будев и гледав во мракот; сето тоа го правев јас, но мене ме немаше, а Рајнер беше секогаш тука – помислата дека на една млада жена ѝ ги шепоти зборовите на нежност, претставата за нивните тела како се соединуваат, претпоставувањето на нивната иднина, онаа иднина за која некогаш мечтаевме Рајнер и јас – за вечна љубов, семејство и дом во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тие лутања низ градот, понекогаш мојот поглед ненамерно ќе паднеше на некое големо стакло, или во водата на реката или на некое вирче, па без да сакам се соочував со мојот лик, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Работите веќе почнати за уредување на околината, на паркчето со туи и кедри, со по некоја клупа за седење и со поплочени патеки, стоеја до каде што стигнаа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И самиот дом ми беше некакво огледало, сенка на сенката која ми го поставуваше прашањето кое се колеба меѓу постоењето и непостоењето, и затоа дури и кога студот влегуваше в коски, дури и кога ветерот биеше толку силно што мораше да се затвораат очите, јас лутав по улиците, застанував на мостовите, влегував во некоја синагога или пак црква, седнував на некоја клупа, и така ја проветрував душата како ткаенина во која се насобрал горок мирис.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ја враќале во нивната куќа, Густав ја прашувал: “Зошто побегна од дома?,” таа секогаш одговарала исто: “Јас овде не сум дома.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полицијата ја наоѓала како лежи на некоја клупа, како седи потпрена на некое дрво, како стои надвисната на оградата на некој мост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие нешта беа во мене повеќе од мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)