некој (зам.) - логика (имн.)

Го концентрираме погледот врз папокот ако по некоја логика таму е центарот на телото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Прво, требаше да се исфрлат непотребните предмети, па потребните да се подредат по некоја логика: според нивната намена и намената и капацитетот на просториите и мебелот и, по можност, според барањата на естетиката, иако таа е веќе во голема мера задоволена ако е задоволен предходниот критериум, оти убавото во домот го прави пред сѐ чувството дека е по човечка мера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По некоја логика се стануваше и амбасадор на парадоксите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Си мислев дека, по некоја логика, тоа “и така натаму” би требало да покрие нешто важно или, можеби, не толку важно, но во кажувањето на Волнаровски трите збора покриваа н-и-ш-т-о.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А заправо, има тука некоја логика: земјите се како кујнски садови, а небото над нив им е поклопец.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- „А каде е душата?“ Ако е во очите тогаш во твоите очи јас ја најдов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)