Калк аша, једилер бу ќопеклер бизе анани... ана! ) Толе изрипа од стената и се спушти надолу, белким ќе може да го јавне барем овој што вика тука пред него, но од големиот дим го изгуби од очи, та дури по некоја минута можеше да слушне тропање од човечки нозе што бегаа долу долот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Некоја минута подоцна местата околу масата на девојката се исполнија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Извесно време молчеа. „Има уште некоја минута пред да заминете“, рече О'Брајан.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За некоја минута гангстерите ќе ги дигнат своите крвави раце.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Како некој воајер се приближив по ходникот до двете жени што пискаа, мајка и ќерка на човекот што го хоспитализирале пред некоја минута во приемната амбуланта, а дежурниот лекар само што им рекол дека починал.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
По некоја минута ми рекоа дека те освестиле, дека сѐ е во ред, највероватно е некоја алергија од кивите, можеби беше тоа, не сум сигурна.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Тој брзо зачекори за да заштеди некоја минута за пилињата, чиј животен век навистина беше краток.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На Александар срцето почна да му бие посилно и малку се уплаши, а Бојана, очигледно навикната на вакви работи, пријде кон нивната маса, со широка насмевка од која блескаа белите заби се поздрави со сите и некоја минута куртоазно разговараше со нив.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тој процес го претставува нивното најрано и најобликувачко искуство како приматели и субјекти на културата. (Импликациите од ова повеќе ќе ги испитаме во поглавје 16).
Ете зошто одбивам да си го ограничам приказот за машката геј-култура на некоја далечна епоха, на некоја историска доба што е начисто и вистински свршена – макар и од пред само некоја минутка, во зависност од тоа кој го пишува опелото.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Требаше да помине некоја минута за да ја сфатам причината за ваквото негово однесување.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Алкоси, вие сте гадови!“ – си велат келнерите и крадат по некоја минута за парче тутун во кујната.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Не знам како ќе ги поделат Добата, кај Персијците што мечтаеле за летечки ќилими, или кај Кинезите што сите незнаено прославувале родендени и Нови години со долгнавестите пишкоти и вишните небесни ракети, или некоја минута, некоја неверојатна секунда во наредниот час.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Можеш да го видиш ако украдеш некоја минута кога тој не те гледа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)