И му се пофали на Крчето. — Е, е, ата ќе ми те најде, токо ошче некоа недела! Коските ќе ти и сокрша!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— И пак почна да вика: — Гуци, гуци, гуцииии! Море, B'KOT ќе те истуре, ќе си дојдиш за лапање, токо ќе ти го печа дробот ошче некоа недела и друга.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа по некоја недела од Велигден Катето го слушаше Адема: — Е, кажи Катенце, кажи пиленце, кој ергенче бендиса по орото на Велигден?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Де, де... - врати тој. - Не бери гајле. Ќе ги извежбаме. Дојди по некоја недела и ќе видиш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А само некоја недела пред тоа ми ги даде брошурите ,Тито и Ранковиќ, банда на империјализмот" и ,Југославија и нејзината реакционерна улога во светот".
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По некоја недела ги спрегнал татко му Божин воловите и отишол на нива да ора.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Некоја недела, богати, сигурно нема да им биде тешко да навратат до тебе да појдеш и ти со нив да ловиш...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По некоја недела пак ќе пазарувам кај Григора Бакалот. Во Воден.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)