Навистина имаше право, кај неа љубомората беше маска, или купувања на некои права кои когаш- тогаш ќе ги искористеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Господи, срамно е тоа и да се помисли но мојата Катерина како да посакуваше одвреме-навреме да види како јас ѝ подавам некои големи незаменливи права на златен послужавник.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А, пак, спротивно на ова, со измените на ЗРО (2005) од декември 2008, беше проширена можноста за жалба без суспензивно дејство, упатена, најчесто од незадоволниот работодавач, до Министерот за труд – и тоа не само против решението на трудовиот инспектор со кое се забранува вршење на работа, туку уште и во два случаја: (1) против решението со кое му се наредува на работодавачот да донесе или поништи акт со кој би ги отстранил утврдените неправилности и недостатоци; како и (2) против решението со кое се одлага извршувањето на конечната одлука на работодавачот со која е повредено некое право на работникот, за коешто овој повел работен спор пред суд (чл. 7, ЗИДЗРО/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Величковски, кој сега работи во приватна агенција за обезбедување, а дополнително и како електричар и хаусмајстор на повик, охрабрен од добиениот спор и од тоа дека, сепак, и во нашата држава може да се добие судски спор за прекршени работнички права, е решителен за тоа дека и во иднина повторно би тужел доколку му биде повредено некое право од сферата на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поточно, тој и за времетраењето на спорот, правно гледано, не беше во работен однос бидејќи своето работно место го напушти уште пред да го покрене судскиот спор – кога, од страна на тамошното раководство, му беше понудена отпремнина во вредност од околу 2.000 ЕУР за „доброволно“ да го напушти работното место. 182 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Би било природно да можеш да го сториш она, би имал некое право да сториш сѐ со својот нож.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)