Да набљудувам од било кој перон како возовите влегуваат со по седум-осум вагони, па да си допуштам себеси да ги гледам додека минуваат сè побавно и побавно, и да потрчам до крајот па да се качам во некој вагон а без Мари-Клод, потоа да се симнам на следната станица и да го причекам наредниот воз, па пак до првата следна станица, па да најдам друга линија, и да видам како вагоните доаѓаат без Мари-Клод; да пропуштам еден или два воза, да го фатам оној третиот, да се возам со него до последната станица, да се вратам до некоја станица откаде што ќе можам да се префрлам на друга линија, па да решам да го земам четвртиот воз, па после да ја напуштам потрагата и да се качам на ручек а всушност веднаш да се вратам со цигарата на горчината и да поседам на клупа додека не наиде следниот, додека не наиде петтиот воз.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Стигнати се на некоја станица и од вагони и колосеци ништо друго не се гледа!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Другите „мајки“ велеа за неа: - Ами како ќе им погледне еден ден в очи на мајките и на татковците?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
На некоја станица таа го замоли другар му да донесе вода.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А ние долго патувавме. Една ноќ, по долго стоење на некоја станица, името не и го знам зашто не го видов, нѐ префрлија во воз со дрвени седишта.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ако не го нашла Пелагија во залостениот вагон, тогаш сигурно дека по пат останал на некоја станица и кога тогај ќе стигне до кај нив!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)