- Еве што марифет имаат - му рекле, - честит царе; шапкава да ја клааш на глаа никој не можи да те видит; опинциве да и обуеш, сета земја во дваесет и четири саати моиш да ја изодиш; со шупелкава да засвириш, сите ѓаоли можеш да 'и собереш; а со стапчево да намавнеш триста души наеднаш моиш да отепаш.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
А ако беше некоја стока голема, имавте прао да дојдевте при мене, а колку за овие мали работи не требаше да дојдите.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Дење растоварале вагони, вели, некои стоки за војските растоварал, вели Огнен Ѓорго, и кутии со јадење, затворени некои кутии, запечатени, вели, така го чувале јадењето за да не се расипува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Навистина, што згрешил Чардаклија? Колку што сфати: бил виновен дека чувал некоја стока на Баручиеви кои му се паѓале блиски роднини.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)