Пратија гласници до нас: предајте се и веднаш слезете, кучкини синови, имате ултиматум од шест часа, потоа веднаш ќе отвориме оган со пушки, со митралези, со топови, за вас, копилиња, ќе бидат сосема доволни. Некој валкан Јуда, значи, сепак нѐ предал.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се танцуваше, пееше, без некоја валкана љубов, во оро игравме заедно со машките, контактиравме со писма и почнавме да танцуваме машко со женско и јас почнав да играм со машко, иако ми беше страв од татко ми.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)