Почнете да размислувате како може да надоместите за тоа што се случило, како можете да го извлечете најдоброто од тоа и да доживеете сатисфакција од сопствените животни избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Инфиделитетот, неверувањето е нашиот непријател, не станувајте опсесивни, фригидни, нека не ве обзема негативна инфлуенција од некој лош настан.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сè повеќе бев убедена дека е така, но спротивно на тоа, некоја лоша сила ме влечеше кон пустиот Запад. 7 Првиот пат кога седев на чаршијата, во кафе-барот во Западот, знаев дека судбината кој знае поради што, повторно ќе ме врати таму.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Не постоеше, освен самиот чин на злосторство, некоја лоша и страшна последица по мене и моето спокојство. Напротив.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
(Авторот е склон кон суеверие, кон откривање знаци што нешто укажуваат; така, на пример, кога при бричењето ќе се исече, верува дека е тоа некој лош знак и цел ден страхува дека може да му се случи нешто непријатно)
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Прави што правиш, чести си го таткото и мајката да не добиеш некоја клетва во некој лош саат, за да тргаш мака".
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка ич не ризале, многу ги огорчувале, и зер татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати, ете зер ѓавол натемаго беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога ги колнала мајка им вака: „Синко Сиве и ти ќерко Чуле!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
ПАРЕ: Така, касмет, зарем за да не ни излезе некој лош збор. (Пак чукање на портата).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Лекарот, довршувајќи рече дека во палатата е затворена убавата ќерка на кралот, дека ја маѓосала некоја лоша вештерка и дека спие.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Никој не можеше подолго да остане во мијалницата а да не се навлече некоја лоша болест.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа време, признавам, сосема малку зборови знаев, и тоа сѐ некои лоши зборчина што никако не можам да ви ги соопштам, бидејќи сега им го знам нивното подлабоко значење.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Очевидно, некоја лоша, страшна треска, страв, ја изгоре неговата душа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Борбата траеше цела зима и пролет. (Беше некоја лоша и студена пролет која никако не му дозволуваше на летото да се пробие).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Она што не може да се искаже, кое искусните и напатените луѓе го чуваат во себе како скриено добро и кое, само понекогаш, несвесно им се одразува во погледот, движењето и зборот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така тие ноќи само некои лоши, невеласни соништа ме шетаат: де пропаѓам, де се качувам, де некои гуштери, ѕвиждалници, слепјаци и смокови ме облазуваат. Ме заплеткуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Луѓето што врвеле, запирале крај Илко, го прашувале мудрецот од што е болен, а тој им кажувал дека има некоја лоша треска, и дека никаков лек не помага.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)