„Во психата на постоунволскиот маж“, почнува Милер, „бродвејскиот мјузикл лежи како скрбно набљудувана кокона што, опстаната од времето на некоја мината епоха, сепак може – да речеме, на некоја температура над точката на мрзнење – да распука и да открие суштество што, во споредба со понепримитивните облици на живот околу себе, дури и со оние што еволуирале од него, ќе изгледа непрепознатливо чудовишно“ (26).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И зрното на сочинението, првиот ред, како и зрното пченично се сеќава на некоја мината пролет, се сеќава на претходните сочиненија во кои бил настанет, па еднакво постапува како и тогаш, и раѓа еднакви и себеси подобни зборови, гласови и редови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Некаков сон влегува во собата - земја по земја, град по град, јазици, музика од многу далеку, “О, каков прекрасен свет“,what a wonderful world, трамвај штрака по шините како двоколка во некој минат век.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)