Секогаш се чудев на реченицата што ја бев прочитал уште во младоста и којашто ја земав за мото на мојата прва книга; искажана е во разговорот на Нилс Бор со еден млад студент по физика што дошол да побара совет за некоја научна работа; реченицата е следна: „Господине, Вашата теза, всушност, е мошне интересна, но не е доволно будалеста за да има и најмала шанса да биде вистинита”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ќе лупи Пискулиев полека, со голема стрпливост на прстите, некој варен компир, го прави тоа не како за јадење ами како да врши некој научен опит, и одеднаш ќе рече како за себе:
- Фузариум.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
за кучето кое од мирно седење почнува да повраќа, за папагалот розела кој умираше од глад додека некој не му го потсече клунот, за моите болести и абортуси - за сето тоа бев надлежна јас, јас сум била тип жена сопруга, тој просто ме препознал во таа квалификациона група што ја предвидувала некоја научна студија за типови на жени...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)