Што можел да стори Онисифор Проказник - да побара од непознатите осуммина да се тргнат од патот за да помине дружината со двоколките или да заповеда веднаш да се пука?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Макронисос пукаше во мене... 4 ТОЛКУ МИ РАСКАЖА Харилаос, дваесет и двегодишно момче од некое планинско село на Пелопонез.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Знаеш ли во кое годишно време сме влегле, кутро момче, знаеш ли дека е вистинско лето, август, најубавиот месец во годината? - рече и уште повеќе тргна да се смее, како некоја планинска чешма силно, незапирливо.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Знам дека си роден во сиромашна куќа, во некој планински предел на Македонија, знам дека си го напуштил училиштето заради твоите идеи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)