Се најде со некои познати прилепчани и дојде до управата на тамошната гимназија, која во тоа време беше сосема малку посетена.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Примери за „product tie-in” има навистина многу.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А и слатко ќе се смеете на патот кон банката... 106 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Ray Ban Burbery Levi’s Swatch Во Побуната на масата на Ортега и Гасет, авторот ја разоткрива најспектакулар ната игра на дваесетиот век: играта на замена на вредносните системи.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во секој странски или домашен филм може да се види, помалку-повеќе, некоја позната или “од-сега-ќе- биде-позната” марка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Одеднаш едно ЗДРАВО ме пробуди. Слушнав некој познат глас како го изговара моето име... .
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
До ушите на Рада стигна некој познат глас со чудна боја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таму беа секогаш на штрек да не бидат забележени од некој познат, но и од настраните воаери кои се појавуваа во мракот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А можеше да се сместиш, велат, во луксузниот wagon-lit и да отпатуваш, радосно отпоздравуван од перонот и мижуркајќи со своите долги трепки, во некоја позната пре-рафаелитска слика.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Не сум сигурен колку татко ми ги сакаше булките (тие во Македонија се поситни отколку во градината на Изи).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но, за сето време тој не забораваше да забележи и по некое познато стебло, по некоја позната делканица од секира во корубата од тие дрвја, секогаш држејќи се за нив, како за единствената нишка, што му беше негова низ таа наеднаш толку многу туѓа шума, свесен дека тука некаде во близината на неговата трага мораше да поминува и патот, по кој луѓето од нивното село одеа или се враќаа од Белата Долина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И додека следев некои познати гласови од службената просторија на Грофот наеднаш сфатив дека во соседната соба всушност се беше разбашкарил Мирко Бунде, и тоа на софата, а Катерина и Јана му седеа во скутот!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Притоа двете луди женски глави не престануваа да се кикотат над мојата наивност и да ме исмејуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)