Долго збораниот бес, наталожен во него, загина; остана само некоја тивка тага и самосожалување.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Само парки магла и некој тивок, ладен скомраз, чиј извор не беше тешко да се знае.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сум подвлегла во некоја тивка дремка и ги сонувам оние од кои се плашам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сега, меѓутоа, од пред десетина и повеќе години, ѕвонот на чакарки и клопотарци, веселите овчарски довикувања и свиралки и лавежот на кучињата сосема ги нема на овие питоми голини, па човек не може, кога ќе се загледа по нив, да не почувствува како го поплавува некоја тивка жал, што доаѓа оддалеку, оттогаш, од тие одамнешни и мили времиња, кога луѓето трпеа и живо се бунтуваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)