некој (зам.) - туѓ (прид.)

При тоа, за сиже користете или некое кратко патување или доаѓање на некое туѓо лице во нова средина (пореметување на постојаниот ред на нештата - вообичаен почеток на романот).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Татко тврдеше, а Камилски тоа го потврдуваше, дека многу турцизми изворно не се турски зборови (што претпоставува само една фаза од развојот на турскиот јазик), туку влегле во балканските јазици и логично би било да се нарекуваат (јазични) османизми, додека терминот турцизми би се однесувал само на заемките од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин се појави кај обајцата сомнежот дека терминот турцизми за заемките не беше идеален за употреба, но тие, сепак, по некоја туѓа инерција навикнале на неговата употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Цел ден ги обиколуваше ридиштата, помина и откај колибата на покојниот дедо Иван, каде сега за добитокот се грижеше некој туѓ човек, измеќар, бидејќи син му на дедо Иван не можеше да се врзе за колибата, беше премногу зафатен со полски работи околу селото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Објаснувањето дека информацијата случајно ти се истресла мене воопшто не ме изненадува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, не му реков дека за мене и не е битно ваквите податоци колку држат вода, и дека неговите информации стануваат интересни само во случаевите кога ќе дотечат од повеќе извори, или кога ќе откријам дека во таквите приказни е содржан и некој туѓ интерес или настан спротивен на нашите интереси.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кога ќе беше многу пијан и не ќе можеше да оди, ќе седнеше пред некоја туѓа врата и плачливо ќе јачеше: - Маја, Маја...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега почувствува потреба да ја исполни барем навидум таа празнина со некоја туѓа содржина, па макар тоа да е чашка заборав во првото бифе на свиокот. 8.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Сепак тоа беа стапици а не некаква драпаица како што сакате да прикажете – ми се испушти сосема неконтролирано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А она што го рекол досега како да не ми било упатено мене, туку како да биле тоа размисли што своеволно го напуштиле а потоа, за да бидат позабележливи зајмиле некоја туѓа звучна обвивка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми се разбистри најпосле. Кутрата Дуда! Таа никогаш не греши кога е во прашање некоја туѓа невола.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веднаш ќе дотрча на местото на очајот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тебе не можам да ти се обратам во некое туѓо или фиктивно лице.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Уште да додадам дека воопшто не се изненадив кога забележав дека некоја туѓа мисла ми се прикрадува настојувајќи да ми се прикаже како моја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бојка, висната на раката на Виктор, и размавтана со облините под убаво изразениот струк, не знам зошто но не престануваше да ме потсетува дека чекорам по некоја туѓа желба!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)