Луѓето, како силуети, се вовираат по тесните и кривулести улички, влегуваат во бистроата и кафеанчињата, во баровите, кои однадвор се обоени со интимна црвена светлина и внатре, под звуците на некакава музика, редовно од плочи, се впуштаат во лесен живот, за една ноќ, а можеби само за миг, со некоја убава блондинка, додека се има пари таа да се почести со чаша пиво или со жесток пијалок.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Прекрасна е оваа Калифорнија, налик на некоја убава миразџика.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Он повеќе сака палачинки од крем-пита или од некоја убав американски пудинг.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Живото раскажување влеваше бодрина во настроението на Арсо и некоја убава топлинка струјкаше во неговото тело. ...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сите се мачиме да фатиме некое убаво местенце во овој божји свет.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А можеби ни претстои и некое убаво откритие.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тие често се запираа, во групи од по два-тројца, пред некој убав коњ, вол, бик и го прашуваа пазачот чиј е, и колку пари му бара чорбаџијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Сакаш да ти раскажам некоја убава приказна?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Влетав во кујната во исто време со Александар. Тој беше сиот црвен.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тоа е исто како кога ќе сонуваш некоја убава песна, некоја убава приказна или пак цела симфониска композиција.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа оди во најблиската златара и купи ми некој убав венчален прстен. И купи го, не го заменувај за ѓерданот!
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
За секого имаше по некој убав збор, се сеќаваше на сечија коза и на мртвите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Еднаш се сеќавам, сестра ми постарата го подмачкала подот, кој беше од земја, со некоја убава жолта земја, а јас зедов неколку жарчиња и сè што знаев нацртав, направив животинско царство; квачки со пилиња, свињи со прасиња, штркови, мачки, глувци и друго.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Беше сум легнал на снегот, крај патот, и беше сум заспал. Со некој убав и шарен сон. 254
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)