И ако пред него застане некој командир, кој како него сега талка по беспаќата на пригранината земја, ако застане пред него и му рече: - “Назад, кучкин сине, назад! Назад на позиција!“, тогаш нему нема да му затрепери око - на лево круг и пак ќе продолжи по правливиот пат назад се до местото каде што ќе му биде наредено да погине.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Секаде каде што ќе затропаше, некој веќе беше влезен пред него - и со послаб успех од неговиот, и со несоодветна квалификација за местото, но со некои непишани препораки што патуваа таинствено пред нив а кои нему немаше кој да му ги пишува.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)