нему (зам.) - својствен (прид.)

Секој слушнат турски збор од кулата му ја буричкаше бујната природа и можеше уште истиот момент да се најде на кулата и да се расправа со агите и нивните ортаци: Сивевци, Тошевци, Данабашовци, на нему својствениот начин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
3 Милан Ѓурчинов ги открива кај Чинго белезите на начинот на раскажувањето во еден општ впечаток, кој е, сепак јасен и прецизен: „Од првите свои чекори, од првите прозни записи со кои стапи во нашата книжевност, младиот автор изградуваше некој чуден, само нему својствен начин на раскажувањето кој како да немаше многу заедничко со книжевниот професнонализам...“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Саше, кому ова му беше прво доаѓање во „Тендем“, сена на еден стол обложен со црвено кадифе и, откако внимателно сѐ изразгледа, заклучи на нему својствен, мудар начин: - Ова ми личи на театарскаи кулиси.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Говореше со нему својствениот спокој, за секогаш неочекува­ните прекини и за новите почетоци во историите на балканските семејства, за последиците од војните, за влијание­то на империите и за нивните падови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)