нешто (зам.) - не (чест.)

106. Тоа нешто не се предвидуваше, зашто се мисли оти името „Бугарин” ќе ни донесе сѐ што очекувавме од народното движење. Но во пресметките се излагавме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И затоа нештата не се движеа нанапред, а јас и продавачот Чавка гракавме навредливо, упорно и гласно, сѐ додека не нè облеа краткотрајна смеа во која се наѕираа остатоци од некоја голема и одамна потрошена среќа...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но, нешто не беше в ред.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Одма ми стана јасно дека нешто не штима.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но жените се чудат: нешто не им е јасно, што се вели, а нешто не ми е мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако се плашам, си мислам, и јас нешто не сум здрава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чудна некоја обземеност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност токму оваа помисла ме наведе да поверувам дека со моите заклучоци нешто не е вред.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ХЕРЦОГ: Постојано мислам дека нешто не е во ред.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тој воздивна и просаска: - Мила моја, нешто не е во ред!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Дедо Најдо години со ред секои шест месеци купувал по едно грне тутун, и тоа му било мера: испуши ли помалу – нешто не му е добро, испуши ли повеќе – ќе се поболи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И другите по неа, ама пак на сите нешто не им беше јасно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нешто не е в ред?“ најпосле го разбуди нејзиниот глас.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нешто не е в ред?” запраша госпоѓа Морис. „Сврдле заринкал. На половина пат. Кога би можеле барем да го провлечеме, би било лесно. По него би можеле да излезат и останатите.“ 56
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нешто не чини, тате?“ рече Мајкл повлекувајќи се. „Ништо, ништо, ништо!“ потпевнуваше Ејнар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
како ние да не сме го врвеле, ама не бре, кој може да нѐ запре, кога ќе те удри улавата мисла, полоша е од стечена суводолица и не гледа кај врви, што ќе откорне, што ќе забере, а босот уште ни вели, вратете се ако нешто не е о кеј, пак вратете се,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се смалува и го снемува. Гледам јас по него и си мислам: овдека нешто не е чисто. Со отсуството негово.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ние нешто кажуваме, а нешто не знаеме да кажеме. Ама пак кажуваме, се мислиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нешто му е познато, нешто не разбира. Матна му е главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)