„Ќе има требам да просам за нив пред цркви и џамии, а?“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се дешава и од време на време да ти пролета некој од нив пред очи, дотеран ко селско дете за на вакцина, што претставува јасен знак дека иде на интервју.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Нам ни остана само клучот од куќата, во врската со другите клучеви од напуштените куќи, при преселбите, со пустата надеж оти ќе се вратиме во нив пред да ’рѓоса бравата на заборавот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Да се стекне независноста, за нив пред сѐ значеше одново да се пронајде сопствената култура.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Додека Винстон работеше, од пневматската цевка испаднаа уште три пораки, но беа едноставни и тој се ослободи од нив пред да дојде времето за Двете минути омраза.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тогаш како и во оваа вечер кога го прогонуваа, ги следеше пред себе двете пијано прегрнати сенки, кои полека се намалуваа сосем да се сокријат зад нив пред новата светилка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)