Поточно тоа не беа ни врани ни пропаски: птиците имаа црвени шии и грпки со кострешки перки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Новата раса е насочена кон самонасочување и индивидуален избор, генетска одвратност за партизанските политики, наследена згрозеност од централизираните влади.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бидејќи законите на дијалектиката се универзални, објективизираниот „дух“ во природата ги пренесува нив преку науките кај човекот кога се „самоспознава“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Младите луѓе од целиот свет мутираа, како што предвиде Маршал МекЛуан, преку високо комуникабилните меми: документарни филмови, рокенрол музика, MTV, пиратско емитување, сето тоа доаѓа до нив преку Американско-Јапонските телевизиски екрани.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Неговиот речник беше така составен за да даде точен и често мошне суптилен израз на секое значење што еден член на Партијата би сакал исправно да го изрази, исклучувајќи ги истовремено сите други значења, како и можноста за доаѓање до нив преку индиректни методи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Над нив преку небото се протегаа пукнатини, извртени корита на реки од кои ќе удри зовриен потоп, живот на смртта со закана и за живот и за смртта на преплашената земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)