Луѓето, се разбира, немаа разбирање за мојата состојба, никој не можеше да сфати каква треска ме имаше зафатено, тие си го продолжуваа шетањето во три колони баш како моите скопски мравки, стаорци и лебарки, ништо за нив важно не можеше да се случи надвор од нивните корупки, сигурен бев.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)