ние (зам.) - слуша (гл.)

Ние слушавме. Се смеевме. Плачевме. Па, пак се смеевме. Пиевме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како останал и зошто останал жив мојот прапрапрадедо, мене до ден денешен не ми е јасно“, раскажуваше Моне Хнџов-Даров. Ние слушавме, слушавме, но не му верувавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се договараат старешините, а ние слушаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние слушаме однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ занесуваше со своите сказни и приказни Моне Хенџов-Даров и ние слушавме со отворени очи, и ние гледавме како што тој ни кажуваше, и ние шепотевме како што тој сонуваше. Шепотевме, шепотевме, но не му верувавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден речи ова, друг она, ние слушаме заутарени, не сакаме да знаеме што нѐ чека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние слушавме, гледавме ковчеже и златно клуче, гледавме, но не му верувавме зашто не знаевме дали тој буден сонува или засонет говори.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)