СЕЛАНЕЦОТ: Вие граѓаните не ја сакате земјата, само ја газите. А ние селаните ја работиме.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назат нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми 'и рече стариот, да знам оти завистина клетвата негоа ќе ме ватит; пиле да се сторам, бело море и црно ќе прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдуам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Блазе си му, анасана, на граѓани: тие ете ти живот поминуаат ја, а не како ние селаните ќе испукаме од горештина, пот да ни течи од челото како река.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
А и некој да ви ги направеше кој ќе ви работеше во нив, ако не бевме ние селаните.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Така вели поп Китан, а колку е така... Толку и да биде...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Блазе си им анасана на граѓаните, тие ете тие живот поминуваат ја, а не како ние селаните ќе испукаме од горештина, пот да ни тече од челото како река.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- Тие, пролетерите, што ги фалиш, кои си имаат само две силни раце и ништо повеќе и за кои велиш дека се големи борци, зошто ли ги нема таквите меѓу нас, а тука сме само ние селаните?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)