— Да се разделиме и ние ноќеска, за секој случај. Не видовте некни на Маргара.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но ако знаат, а сигурно знаат дека е олабавена Селечка, сигурно ќе гледаат да ја фатат неа, а оттука да се влечат кон исток.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури да ве бараат вам тие овде, јас велам ајде ние ноќеска да ги побараме нив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа, ако сте согласни, едниот од нас со Милана да остане со половината од вас овде, а едниот и другата половина — да ја фати онаа друга чука — Лигураса се вика — па ако, биде нападната и опколена едната група, другата да може да и помогне, наоѓајќи се надвор од обрачот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)