ние (зам.) - често (прил.)

Јас го убедував дека такво нешто немало; го познавав Стоби одлично, оти и Земанек го сакаше и ние често доаѓавме тука во првата година од бракот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но лудилото и ‘абнормалноста’ се табуа и ние често ги умртвуваме и отстрануваме наместо да ги изучуваме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најзначајните податоци се добиваат со изучување на повредените односно абнормалните мозоци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа значи раскош, а ние често го велиме тогаш кога нешто е непотребно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ние често останувавме гладни, но со богата душа како што ќе нагласеше Мајка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)