Можат геј-мажите да си тврдат дека сакаат да гледаат прикази за самите нив и за своите животи, но ним честопати знаат да не им се допаѓаат приказите за геј-мажите што ги создале геј-мажи или, пак, не успева да им потрае таа заинтересираност за нив.
И може да им се разбере неполетноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби не грешат кога лично се чувствуваат како цел, кога мислат дека машката геј-култура им го напаѓа самото суштествување како жени преку своите бујни претставувања на екстравагантната, претерана, хистерична, страдна, унижена или абјектна женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите си имаат женски икони – диви, манекенки, холивудски ѕвезди, а денес дури и политичарки – со кои ќе си се идентификуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа незадоволство е стварно, а понекогаш политичкиот приговор кој штотуку го артикулирав само служи како алиби за геј-хомофобија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби чувствуваат дека машката геј-агресија се насочува против самата состојба на суштествувањето како жена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите се мошне критични, ако не и презирни, кон своите уметници, писатели, филмотворци, исто како што си ги презираат и политичките вождови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Колку и да е згодно да се застапува – заради обликување на политичка одбрана на машката геј-култура – некаква апсолутно реска разграниченост меѓу женственоста и родовата улога или изведба, од една страна, и женскоста како полова или биолошка состојба, од друга страна, границата меѓу нив честопати излегува понејасна и понехерметичка отколку што човек би сакал, особено бидејќи самите машки геј-културни практики се склони да ја разводнуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто машката геј-културна продукција (да не зборуваме, пак, за машката геј-политика) е толку неблагодарна работа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А границата што сакав да ја повлечам меѓу женственоста и женскоста можеби е граница што за голем број жени нема некоја разлика, зашто ним честопати им е тешко, ако не и невозможно, да ги одвојат двете категории при секојдневното искуство на родот и на родовиот идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)