Уште доби и еден суфикс „иќ" и се стори од Антонов на Антоновиќ, бидејќи Грците летото го напуштаја не само Витолишча ами цело Мариово И сега Србите ќе му плаќаат, ним ќе им служи и за нив ќе умре иако триесет години му плаќаше бугарскиот владика.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но како ви се чини, дали таа борба ќе биде победоносна за нив? – Не. – Таа само ним ќе им го ископа гробот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ним ќе им остане само да го прочешлаат теренот, да ги испофатат славо-комунистите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Беа сигурни дека целата работа веќе ја завршија авионите и топовите, а ним ќе им остане да стигнат до таму и да го развеат знамето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Оттука кај што стоиме, од под стопала, под земји ако тргнеш, од другата страна под табани ним ќе им испаднеш.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И свршеник тука ним ќе им се смили.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Веројатно со текот на времето, ним ќе им се придружат и други автори чиишто имиња се присутни на страниците на оваа книга.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Кога ќе те приберат нашите и ним ќе им раскажеш! а тие тогаш ќе ти објаснат што сè имаш сторено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ова ми го рече Ѓорѓи Смокот пред да ме испратат овде!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Добро, и ним ќе им подариме по една играчка, ама јас ги барам оние што личат на мене.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Може дури да се гарантира дека секој, сакајќи им мир на своите деца и роднини, и ним ќе им влева почитување за мислењето што господари и, на тој начин, благодетните последици на таа преземена мера ќе се одразат не само врз современиците, но дури и врз најдалечното потомство.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Со воведувањето на вакво раководно владино издание дури и злонамерните луѓе, само ако се дрзнат да бидат некојпат несогласни со посоченото мислење “што господари”, природно ќе се чуваат да му противречат на истото, да не се најдат под сомневање и под казна.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)