ништо (зам.) - ново (имн.)

Сѐ беше веќе измислено во уметноста. Само цитати и толкувања. Ништо ново.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Значи, една веќе етаблирана уметничка стратегија која не само што не носи ништо ново, туку и делува како кочница во имплементацијата на новите идеи и зафати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
— Нема ништо ново? — Нема ништо ново.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)