48. Не, браќа! Никаква конференција не нѐ спасува.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во нејзиниот ракопис, според моделите на францускиот краснопис, кој со векови се учи во училиштата во Франција, се криеше времето на учењето кај лазаристите, во Солун, се криеја новите настани, кога Мајка го штитеше својот ракопис во долгите периоди на нешколување, соочена со големото семејно бреме, да нѐ одгледа, да нѐ исчува, да нѐ спасува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се сети на младоста, кога со нас, децата, на раце и околу себе, нѐ спасуваше од италијанските, од грчките, од германските и од кои не други војски, на истиот простор на границите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овие книги, толку пати спасувани низ сите наши балкански селидби, книги кои нѐ спасуваа според верувањето на Мајка, по падови на империи, војни, пожари, селидби, завршуваа како последен мост, како последен тесен премин кон близината во која вечнееше Татко.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Суровоста нѐ спасува.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
„Ти знаеш добро, татко, туѓинци нѐ спасуваат од своите. Асмата ми е зад петици.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сега како? Никако... Само јуриш нѐ спасува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа целиот живот нас нѐ спасуваше, животот ѝ мина во тоа, но сега ѝ дојде редот да ја спасуваат нејзините чеда!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)