ова (зам.) - лето (имн.)

Постојат реални изгледи ова лето во Варна да не се чека ред за ручек и вечера.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И ова лето „Гошово“ даде што чекаа Сукаловци и есенва веќе турија, кое старо, кое пролетвина, ни горе ни долу, ами цели 110 кила жито, и си го продолжија животецот како лани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оваа летна посластица, за стари и млади, во Софија се консумира во корнети кои, за малку ќе беа причина софијанци ова лето да не вкусат сладолед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Летото донесе незаборавни нешта. Ѝ велеа насладувај се на ова лето оти е последно без обврски.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Елен Шарпантје, француска читателка, Париз По читањето на книгата на Франсоа Масперо Балкан- Транзит ова лето, вие ми овозможивте – овој пат со вашата романескна фикција, повторно да се внурнам во овој свет на Балканот. Ви благодарам!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Природата се измешала ова лето“, рече Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)