Оваа рецепта на Тесауро се однесува токму на тогашниот европски маниризам што се одвива под различни имиња: во Шпанија conceptismo или gongorismo, во Италија concettismo или marinismo (според поетот Марино, 1569-1625), во Англија euphizm, wit, conceit, во Франција preciosite, во Германија Sinnspiel, Sinngedicht.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)