она (зам.) - мој (прид.)

Кога велам непресметано не мислам на вистинитоста на случајот ниту на правната страна на таа вистинитост, туку на околностите поради кои се најдов во положбата на губитник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со речиси книжовен приод во овој изоставен дел од спомнатиот вовед, професорот Седларов беше истакнал: „Дозволете ми излагањево да го започнам со она мое необврзно излегување на балконот од куќарката што е крената веднаш зад блискиот свиок на автопатот кој наеднаш ќе се појави и веднаш ќе се скрие следејќи го од височина забавениот тек на Пчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не мислам само на проповедта за праведноста, што толку упорно ја повторував; ниту на оние мои неумесни критички осврти што од страна на другарите беа оценувани како задоцнети согледувања, или како преуранети сигнали, туку пред сѐ мислам на она мое непресметано вплеткување во случајот Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Посебно кога е во прашање јуне како мене! (Ете, се преправаше дека заборавила оти токму таа ме има наречено со тоа име заради она мое дивеење по куќата кога бев помал!)
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)