Тоа е како нешто кое во некое ќоше на животот никако не привршува со умирање, како оној човек на Буцати кој, враќајќи се дома ноќе, поминувајќи низ ходникот, згазнува лебарка.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Секој во својата единица. Постројте се и тргнете по оној човек!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Слободен е само оној човек кој на смртта ќе ѝ се спротистави!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Смел е само оној човек кој животот може да го одржи!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Најпосле, една квечерина, се појави онаа будалетинка, оној човек со силен глас кој при поранешните посети предлагаше гараж и синема на отворено.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Постојано го насочуваа како да мисли за овој или за оној човек, за оваа или за онаа работа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И оној човек самиот едвај знаеше кое е значењето на буквите древни, и едвај се присеќаваше кое нешто зад која слика се крие.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
5. Многупати со мофашите се гледаме вака: ние сме овдека, а тие, кај оној човекон, онаму. Сосема наблиску.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да, тоа беше оној негов Брат. Она момче, мислеше, а после и оној човек.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оној човек веќе не можеше да ги носи своите раце празни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
16. ЕМ ШУТО, ЕМ ПА БОДЕ - не е зборот за јагнето, ни троа, ами за оној човек што си е роден како човек, но не го признава тоа...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Таа верува дека на оној човек што не го познава, кому не му го знае името, кој, боже прости ми, како да не е тука, сега сигурно и не е тука, таа може му ја гледа само сенката, единственото нешто дека некој негде се наоѓа!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дека оној човек, кој ги полева леандрите во дворот, не е татко ти туку некој негов двојник кој доаѓа да го замени додека да се врати од неговите патешествија, ако воопшто некогаш се врати.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Затоа и одвреме навреме ќе се затекнев како му се обраќам преку прозорецот, како го викам по име, му дофрлувам неважни зборови само за да се јави, да проговори нешто, или барем да ми го спомене името, да му го слушнам гласот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)