оној (зам.) - мој (прид.)

Потоа нема да ви кажувам што сѐ ми се случуваше, како ја преживеав таа канонада од поуки и прекори, тоа понижување од најдолен вид, ако понижувањето може да се класифицира по видови, таа моја наведната глава и зачепена уста што не сторија ама баш ни најмала усилба да ме одбранат, да ја кажат вистината, или барем нејзината најблиска варијанта, да го објаснат оној мој недостиг од желба за постоење, оној мој кусок на нужна препотенција неопходна за живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа беше можеби и причината за да се согласам да го внесам и јас мојот имот и да го смешам во заедничкиот. И тоа, мислеше сега Змејко, а и оној мој Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нели, многу смешно - се трудеше Катерина да се разведри, или само да ми прикаже дека не држи многу до тие сеќавања; и наеднаш, откако се потпре со едната рака на мојата подлактица неочекувано потскокна, се протегна колку што можеше за да дофати некој лист од гранката, но тоа не ѝ појде од рака, и откако се спушти на земјата ми се приближи, ме опфати со двете раце и ме привлече кон себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред две недели, се врати оној мојон од Пловдив и ми вели: „Облечи се, ќе те водам на едно место“.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој паѓа, ама во паѓањето го повлекува и другиот војник. Оној МОЈОТ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Затоа и му се лутам на оној мојон: Македонец, роб, туѓ овдека и сегде по светот, запнал светска револуција ќе ми крева.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Патем, бате“, рече тој. „Слушам дека оној мој неранимајко те удрил вчера со чатал. Убаво го искарав поради тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но таа вечер, кога го грабна оној мој билмез за рака и го поведе кон кејот, бев бесна и преполна со очај.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)