Дел од мојот свет исчезна со појавувањето на Марта Бернајс, исчезна мојата блискост со брат ми, исчезна и оној наш мечтаен свет уште пред да се појави, исчезна Венеција, исчезнавме и тој и јас во неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Си го прочистувал грлото, така ги подучувале в Белград, на Конзерваториумот, а мене морници ме полазуваа од можните последици поради ваквата недисциплина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Понекогаш, кога ќе се сетев како ме поздравуваше пред да се појави Марта Бернајс, минувајќи со врвот на својот показалец прво по моето чело, па по врвот на мојот нос, па по моите усни, го кревав показалецот нагоре, како да покажувам кон небото, а потоа си минував со него по челото, по врвот на носот, по усните. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Барем сега, додека сум во собата сам, можам слободно да заклучам дека сѐ повеќе наликувам на оној наш Кочко, партизанскиот песнопоец.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Колкупати горе во планината ќе ме поткренеше од сон неговиот глас.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)