„Џимовиот менаџер рече дека не може да го направи тоа, рече, но ова е добар Џимов пријател од Л.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога го праша дали би сакал да направи филм со неа, тој рече: Секако, и дека знае сè за андерграунд филмовите и дека некогаш студирал режија и сето останато што оди со тоа, но тогаш одеднаш Нико се појави со еден холивудски актер Том Бејкер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Навистина се вљуби во него.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се вљуби во буквите и во зборовите и сега ти ќе го носиш и нивниот крст.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Се сети и на Маре, тогаш најубавата матурантка на генерацијата, како се вљуби во еден млад мустаклија офицер, кој излегуваше на корзото во нова кноевска униформа и го носеше своето друштво на игранки во Офицерскиот дом.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Меѓутоа, поради сиромаштија, морале да прекинат и да бараат работа; Ина почнала да работи во некоја кафеана; таму била и танчерка и келнерка; таму го запознала и момчето во кое се вљубила, а кое ѝ ветило подобра работа во еден поголем град.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој можеше да ги има сите, освен мене; но тој се вљуби во мене.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ваквото предупредување открива зошто неколкуте жени кои интимно го познавале Дишан го опишале како неспособен да се вљуби.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Навистина, тој повеќе пати предупредувал една од своите девојки, Беатрис Вуд, млада актерка која што ја сретнал во Њујорк во 1916 (и која се уште е жива), никогаш да не ги меша сексот и љубовта, што според неговото мислење таа го правела во нејзината неуспешна врска со неговиот пријател Хенри Пјер Рош. (7) 110 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
„Знам дека не може да се мери ужасот на срамот со ужасот на губитокот,“ пишуваше, „но срамот мене секако би ме убил, а и на детето кое би го родила не би можела да му овозможам вистински живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го зедов писмото – во него објаснуваше зошто го сторила она што го сторила: се вљубила во оженет офицер, останала трудна од него, тој ѝ рекол дека нема да се венча со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имено, откако на писателот на контроверзната пиеса за љубовта со козата, му кажале дека на Балканот не е чудно човек да се вљуби во коза, овој ревнал од радост.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Уште во осмолетка се вљуби во првиот комшија. Во истата зграда, на истиот кат, во различни влезови, ама балконите им беа еден покрај друг и ги делеа само два реда саксии со сардели... и голема разлика во години.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Клотилдина, сета возбудена, се стрча кај мајка си да ѝ го соопшти своето големо откритие. – Се вљубил во Маргерита! Во Маргерита Маши! Се вљубил!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Оние двете таму без сомнение зборуваа нешто за него. Што ќе се случи сега? Можеби сѐ е веќе готово!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Десетина години Сефардот ја чекаше раката на убавата братучеда. Најпосле се споија двете судбини.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се случи во неговото семејство, првата братучеда по мајчина линија Лејла, дамна замината во Цариград, да се вљуби во еден муслиманизиран Евреин (дмне), припадник на еврејските Сефарди.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој се вљубува во неа, ја запросува, а таа, од благодарност прифаќа да се омажи со него.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
„А во кого ќе се вљубиш сега” следуваше сериозната зачуденост што можеби најјасно ја отсликуваше нивната загриженост.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Навистина, во кого ќе се вљубиш?” Откако ја бакна во челото и се врати на својот стол Стариот писател погледна кон мене: “Кој ќе стане среќно вљубениот што толку нестрпливо ја очекувал смртта на нашиот пријател?“
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога го затворија нејзиниот внук од постарата сестра, Сашко, три дена гладуваше пред затворската порта.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Вечерта си легнав по Дино и ги затворив сите врати и прозорци за да не ми влезе животното во соба.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Свртен во профил, очите во кои некогаш се вљубив и за кои порано мислев дека се зелени, одеднаш ми се видоа жолти како очите на мачката.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Глас: Во пазувите на Ефес прапотомокот на Херакле по име Филип Македонецот по потекло од Карановата кралска лоза ја побара раката на Олимпија од братот ѝ Аримба зашто беше се вљубил во таа девојка без родители, прапотомок на Ахила, од Неоптоломеевата кралска лоза. Ахил пак беше син на кралот Пелеј.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Го обесил пиштолот на клинец и до зулуфите се вљубил.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Се опорави и дојде кај мене да ме моли за прошка. Веќе не можев да го сакам.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дадов отказ, се преселивме во поголема куќа, децата тргнаа на училиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се вљубив. Човекот во кого се вљубив не ме сакаше. Ми рече да се чистам.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Му се заканував дека ќе го убијам доколку оди со други жени. Одеше. Пукав во него.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)