Ни да дишнеме од судрените струи што се мрежеа од изворите на двете езера.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
До читалната имаше пушална, но Грдан ниту имаше цигари ниту пак пушеше; во библиотеката имаше и бифе, но тоа беше за оние што имаа барем ситни ако не крупни пари - од чадот на цигарите очите му се мрежеа, а од миризбите на бифето носниците му се ширеа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Марко се свртува и гледа: разградено е лозјето, по меѓата расте млечка и ниска капина, малку погоре се накрева камењарот до подножјето на суриот рид, а над ридот одвај се мрежи бледната синевина на небото, во која секаква појарка мисла избледува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)