Нејзините две сестри на кои во исто време им биле убиени мажите, овде, во оваа Македонија, се премажиле. Имале само по едно дете.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Зар се премажи жената, си велеа луѓето што ме познаваа, зар се оставија со Никифор Абазовски и се омажи за командирот Ксантос?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Јас имам друго презиме, а не тоа. Јас се премажив, лажам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Роска, од инает, никогаш не се премажи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Лена, сѐ уште плачејќи, со одвратност зборува за својата мајка која се премажила за нејзиниот очув.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Двете ороспии прво мислеа мајката да се премажи, а ќерката да се омажи, ама се откажаа од тоа од страв дека во ова време повеќе имаат можност сега и на двете мажите да им бидат истерани од работа и да треба да се издржуваат не само себеси, туку и уште двајца здрави-прави бадијалџии.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)