Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како да го немаше ни тој простор понатаму, како да немаше каде да се пречекори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Всушност бев рекол дека секоја иницијатива е в ред но под услов да не се пречекоруваат границите на разумноста.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со слична цел (да обескуражи секое избрзано решение) беше и она мое укажување дека секогаш постојат и додатни опасности.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Му подреков дека животот многу ги цени скривалките.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Дури и во случаите кога ќе се земат предвид сите околности, многу често не се постигнува посакуваната цел“ додадов, за да го намалам учинокот на она што можеше да се сфати како насрчување а ми се беше лизнало од јазикот онака, сосема случајно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)