се (зам.) - седне (гл.)

Да се седне на канабето, и да се затворат очите.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Но, овие мисли бегаат додека пак не се седне крај воланот и сѐ дотогаш додека тркалата не почнат да се валкаат повторно по германските автостради.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Многу работи би изгледале поинаку ако се седне трезно да се разговара. ПАНАЈОТИС: Точно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Та Чана знае дека таа кога и да се седне да се јаде, остава полна чинија и за него која на крајот ја изобуваат внучињата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но кај Чинговци, при пречек и на гости и на свои, и кога ќе се приставеше кафе, тоа тукуречи на нога ќе се ишмркаше за да се седне на главното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таму и не требаше да се најде остаток од клупа, туку само да се седне на земја и високата трева да те скрие од секој поглед.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пред да ја угаси ламбата и да се седне уморен во фотелјата, нежно го истури купчето пепел на дланката и тивко кажа еден збор. Розата се појави.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Лембик (Alembic), од арапски al-anbīq, алхемиски сад за дестилација, од којшто подоцна се развила ретортата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)