се (зам.) - сруши (гл.)

Се обидел да го исклучи плинот. Се срушил врз подот. Го нашле потемнет, како црнец, изеден од гасот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Утрово, самувам на дрвениот стол, кој сакаше да се сруши под мене, двоумејки се: дали да ме поддржи?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Точно е дека сум јака, но и тоа е со граници. И најјакиот објект би се срушил после третиот удар. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тогаш му се чинеше дека ѕидовите на станот ќе се срушат од дивиот ритам на бесот што го слушаше во себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Глигор крена рака. Јадра тешка тупаница се сруши на кревкото раме од чуварот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ми се сруши сонот за друмска крстарица со тркала со бел ринг, фурнирани врати, напред тросед, позади тросед, штопови тенки ем високи, километража ко Јуност, мека вожња ко лаѓа...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но набргу ете ти несреќа: ненадејно се сруши еден ѕид од куќата и го потфати Ѓеро; го извлековме здробен од камењата: го исплакавме и побаравме оштета од фирмата; фирмата не сакаше да чуе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И лесно можат да се срушат. Мислам буквално.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ДИМИТРИЈА: Твојата кариера стави си ја ти во газот,а мојата скапана куќа остави ми ја да ми се сруши врз плеќите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во летот долг се срушил он и никој не го закрилува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Му ја честитаа Новата година и го потсетија да си го поправи оштетениот оџак. Само што не се срушил.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не раѓајте се вие проклети мисли Што ќе убиете мртво тело Штотуку се отвори цветот На нашата љубов и гром одеднаш се сруши во нашето беспаќе...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
ТЕМНИЦА СЕ СРУШИ ВО МОИТЕ ОЧИ не гледам но видов во аголот на нашите средби капки солзи ко бисери бели а во нив две срца со аморни стрели и двајцата заљубени бевме...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Обидот да се искачите по импровизираното минималистичко скалило за спас од бездна за вас ќе се сруши ко кула од карти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)