Во книгата се провлекува необично неименување на реалното низ превезот на имагинарното кое постојано се згуснува: освен козарот Чанга сите човечки ликови се стопени, сомлени до анонимност...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Да ја имаше, оваа тешка зачмаеност, што го вклештила и не го испушта, би се стопила како што се топи мразот напролет и тој би нашол утеха, ако не и тиха радост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Го прифаќам овој восклик како дел од она што се стреми, да се стопи, да се преобрази во она што е поблизу до совршенството, во самата природа - преку неа да се доближи до невидливиот создавач на сѐ, на себе.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Последна мрежеста кошула на утринската магла се крена и се стопи во воздухот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога снегот се стопи од зацрвенетите раце, Бојан зграпчи нов и со него почна да си го трие лицето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Црномурниот заровите ги фрли Облакот се повлече од челото, се стопи И затечен помисли: љубовта кога ќе те опие зарот не смее да е врл, и се пофали: „Можев да ја уловам пастрмката, за прекрасна вечер на ѕвездениот чардак!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Скулптурната маска на агонија на неговото лице не се стопи, но нова светлина дојде во неговите очи, а таа за неа беше како зрак сончева светлина што ветуваше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Што и да го свртело броилото за замрсеноста на неговото битие за да го отфрли сивиот превез врз светот, сега тоа го направи потребното приспособување, така што, кога погледна околу себе, се зачуди кога виде дека околната замагленост се стопила.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но, и таа реса бргу се стопи во белата јаснотија што го обземаше дури и него самиот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Се стопи од православна покорност.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бевме во добата на невиноста, кога душата уште е мека глина и не знае дека еден ден ќе се претвори во камен или во посна земја; бевме во онаа доба кога душата е глина која лесно може да се стопи со сродна душа, и од двете да стане едно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со неа и ветрот стивна. Се стопи. Молк се стори.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ми се стопи студот во градите, коњот се смири, се успокои и крена кроткум кон градот...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Одеднаш јарето исчезна, чиниш се стопи во мракот и темнина стана, стана слана на калдрмата...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ѕвечкањето на коцките мраз во чашата во неговата рака го потсети дека повторно пребргу го испил пијалакот, пред да се стопи мразот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тие изгледале мудро под црните забратки, очите им биле врели од страст да победуваат. Или само така му се чинело на зашеметениот поп.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не се крстеле - ќе ја скршат тврдоглавоста на човечето во стуткана мантија и ќе ја омажат осаменицата, Доце Срменков не се стопил во капка восок за да не може да ја обогати со рожба.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пчелките нежен касај ми оставија, ко цветови од црвени усни Во дремката на ноќта, празноглав со стакленици ги потпирав капаците на темнината Во небото ѕвезда Деница светкаше Мракот се стопи во зракот на утрото Со сиот жаргон се обидувам да го спасам денот кој навестува нова мора... залудно
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
После тие ги тресеа со метлата и своите ќуркови, во чија волна на јаките снегот беше така впиен, што можеше да биде исчистен само кога ќе се стопи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Поскоро да потоне во мрачините и да се стопи во нивната тишина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тамбурата и оној јаснозвучен весел глас тажно се стопија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Помина зимата, се стопи и последната снегова грутка под излоканите корења на столетниот чинар.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Плус ладно е, вратата мора да е отворена постојано, а климата лади за да не се стопат сапуните.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Да не ти се стопила свеќата под папокот? се сети.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Потоа овчото лице се стопи во фигурата на еден евразиски војник кој изгледаше како да напредува, огромен и страшен, со машинска пушка што рика, и изгледаше како да скока од површината на екранот, така што некои од луѓето во првиот ред навистина се тргнаа назад на своите седишта.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Поминаа денови и денови и писмото можеше едноставно да се стопи од жештината на нејзините полни гради, почна да се титка, некои букви да бледнеат, други да се разлеваат и Чана мораше да почне да им го чита писмото додека уште можеше да се види дека навистина е писмо. Најпрвин ѝ го покажа на Митра.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Која милина, човече! Да се стопиш на место!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Јашмакот се колнеше во чеканот и калапите што го хранат; Милан куманџијата — во дувалото што го дува огнот за да се стопи среброто со кое ги посребрува павтите и скопците; Рампо чешларот — во биволските рогови од кои ги прави чешлите; Желче — во сите свои деца, макар да ја немаше уште видено мајка им; Даме кожуварот — во сите јагниња и брави, од чии кожи ги правеше кожувите, а Мамуд ковачот — во чеканот и наковалната, на кои ги шерпаше клинците и плочите за свадбарските коњи и магариња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И има, има - радост голема радост длабока во темнината: да светиш, Вело, жар да се стопиш во борба гроб ти душа не зема!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Еден пролетен ден, кога снеговите се стопија, кога големите дабови под Мацково се раззеленија и Караорман ја облече својата зелена облека, со многу други селани, тргна да оди на печалба во Белград и татко му на Трајчета Тане.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Неделата би најубав ден Зашто тој ден Бог си починуваше и гледаше Народот како се крие зад стеблата Плашејќи се казна да не го снајде нова И да не заврни пепел од пеколот и снегот да не се стопи Та нов потоп да го снајде.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Доаѓај ми, доаѓај ко ноќта Сета болка може да се стопи в тишината на средбата темна кога ништо в немир не го ниша класјето на двете тивки тела.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Туѓа ми е љубовта небесна, ја чувствувам како своја тагата и омразата што ме опила и на дното од чашата како последна капка најпрефинето вино чека да се стопи на усните на некој безначаен лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Соништата ги продавам за повеќе да не се разбудам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Го обли топлина во која за малку не се стопија неговата брада, мустаќите, неговата дебела шапка, па и снежната куќа во која живее со своите прекрасни елени.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
И, за да не се случи тоа – да се стопи сосема и засекогаш да го снема, Дедо Мраз ги спрегна елените.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ленгерите на коработ од жал се стопиле, се скинале едрата, се урнало кормилото - морските бранови над капетанот Џек се склопиле.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Усните ѝ затреперија и сал за краток миг се стопија и откако низ нос испушти долга, мачна и таговита издишка, таа тивко, одвај чујно, небаре се плашеше да не ја повреди тишината и молкот и никого да не растревожи, шепнешкум изусти:
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)