Дури вчера старите се занимаваа со црква и причест, младите со готвење погачи, мазници, благи ракии и мезиња, денес уште од утринта секоја млада, секоја стара, ќе се токми, ќе се ружа, според возраста, за на сретсело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го облекол кожувот, ја зел секирата под кожув, го пикнал пиштолот в пазува, ги префрлил дисаѓите преку рамо, божем се токми за на пазар во Прилеп, и излегле со ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се токмам да ѝ речам: Госпожице, ние останавме.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Ним сигурно разговорот не им беше завршен зашто додека јас се токмев да седнам што поблиску до нив за да ги слушам што зборуваат, дедо ми ми рече: - Земи го пагурчето со ракија и оди, однеси му го на Даскалот. Се дупна од работа тој...
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Кога се качи горе на проповедалницата, тој се потпре со рацете на пармаците, се заниша, како да се токми в небо да се фрли и извика: „Народе! Луѓе, жени и деца и сѐ што е господово. И кој ме слуша и кој не ме слуша...“
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Требаше да станеш од рано-рано. Да се нацрташ пред школската зграда некаде во шест сатот, ко да му се токмиш да одиш Стрежево на риби.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Што беше тоа? Дали се токмеше во нејзината глава правата одмазда?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Се токмев многупати да го прошетам Блатието”, рече наеднаш бегот, „да ги видам тие благи ритчиња што се спуштаат во широкото, рамно поле.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Под брегот браздата со вода се тенчи, се исукува и како змија се крие низ камењата и лопушките, крај неа пиштат жегалци жедни на ридот се гледа забодена коса со сечилото свртено нагоре кое одвреме навреме одблеснува на сонцето како молња да прелетува и навира морници; чиниш: Архангел со мечот минува или се токми да мине.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А причината за тоа беше, што Русите им се токмеле со војна на Турците, божем за да ја ослободат Бугарија...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Чекај малку“, ми рече човекот со многу брчки на лице, што се појави од некаде и ме зграпчи за рака баш кога се токмев да слезам кај постојката Бит Пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се измивме на јазон, фрливме вода преку рамена, и се токмам да разотворам врати, пенџериња, да ја сменам водата во стомните, да заметам, да проветрам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)