Тоа содржи ризик и испитување. Тоа сепак би можело и така да се формулира, дека Вие барате да ги испитате границите на позитивното знаење, да речеме, границата помеѓу она што може да се каже и она што не може да се каже.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тие се патентирани, контролирани, поседувани, регулирани на начин на којшто зборовите се формулираат како читливи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На корпорациски нивоа фонтовите се метод на визуелно претставен јазик, и регулирани се како елемент на корпорацискиот заштитен знак - симболот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)