Тој ги наполни чашите. Се чукнаа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога се создаде пријатна весела атмосфера, Кметот фрли поглед кон учителот, го задржа на него, потоа ја зеде чашата, им наздрави на полковниците, се чукна и започна разговорот да го врти на проблемот со селото; им рече дека луѓето живеат во немир, во неспокојство, дека нестрпливо чекаат да видат што ќе биде со селото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Азијат... - се насмевна Стивенс во брадата да не чуе Бонети и ја издолжи чашата да се чукне со пратеникот и игуменот; се чукнаа, но ним голтката што ја отпивнаа како да им остана во грлото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Четири пара чизми се чукнаа една од друга, а нивните сопственици им салутираа на Бојана и на Александар.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
„Бак анасана!“ се чукна налутено мутесарифот по десното колено.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Да се саштиса човек и да се чукне, господи!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
— А мори, Бесно, вели, знаеш, кога те сретнав повторно, се чукнав по глава?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Смејте се, - рече татко ми, - ама бато почнува со бизнис - и се чукна гордо по градите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Не стана готвач? - Сам се унапредив. - Предо, каде е маштрабата? Да се чукнеме со другарчево од војска.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)