А во себе почувствував дека ми олесна една тешка грутка што наеднаш ми се собра и ме потисна.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Јас во себе почувствував некаква смелост – па ако морам да загинам, ќе загинам гордо, си реков.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас ја наведнав главата, а во себе почувствував дека ми олесна, дека ми се стопи грутката што ме стегаше во грлото.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Тогаш госпоѓата Гологанова се наведна, не за да го погали за збогум - на тоа таа не се осмелуваше да реши - туку само одблизу да му истепка некој љубезен збор, но Грифонот така се назаби и подзгрче, што таа во себе почувствува олеснување од помислата дека ќе се спаси од него, ја натера да зажали и да стане свесна колку погрешила што го зела дома.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)